Search

Кина повика на потесна меѓународна соработка во развојот и дистрибуцијата на вакцината

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, денеска изјави дека меѓународната заедница мора да ги збие своеите редови и заеднички да одговори на кризата. Притоа  тој повика на поблиска меѓународна соработка за вакцината против коронавирусот да се стави на располагање на сите.

Си ова, преку видео врска, го соопшти на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка (ЕПА).

-За да се победи вирусот и да се промовира глобалното закрепнување, меѓународната заедница мора да ги збие своите редови и заеднички да одговори на кризата и да се соочи со тестот, рече кинескиот претседател.

Тој истакна дека оваа соработка подразбира потесна координација на политиките за развој и дистрибуција на вакцината против Ковид-19.

Кинеските компании „Синовац” и „Синофарм” се во доцна фаза на тестирање на вакцината, како и десетина други компании низ светот, што се блиску до тоа ниво на развој.

Треба да знаете
Последни објави