Search

Кина осуди на 18 години затвор бизнисмен кој го критикуваше претседателот Си Џинпинг

Кина го осуди на 18 години затвор тајкунот за недвижнини, Рен Жиџианг, жесток критичар на претседателот Си Џинпинг, заради наводно давање поткуп, јави ДПА.

Рен казната ја дозна денеска во Вториот народен суд во Пекинг.

Тој во јули беше избркан и од Комунистичката партија, откако беше обвинет за „спогодба со неговите деца за стекнување неограничено богатство”.

Поранешниот претседател на компанијата „Huayuan Properties”, претходно го критикуваше одговорот на претседстелот Си Џинпинг на епидемијата на коронавирус, појасни германската агенција.

Треба да знаете
Последни објави