Search

Кина забрани кеси и друга пластика за еднократна употреба

Кина која е еден од најголемите корисници на пластика, најави голем план за намалување на пластиката за еднократна употреба во целата земја. Неразградливите торби ќе бидат забранети во поголемите градови до крајот на годината, а во сите градови до крајот на 2022 година.

На рестораните исто така ќе им биде забранета употребата на сламки за еднократна употреба до крајот на 2020 година.

Кина со години се бори со отпадот што го произведуваат 1,4 милијарди граѓани. Најголемата депонија за ѓубре во земјата, со големина од околу 100 фудбалски терени, е веќе преполна, и тоа 25 години пред планираниот рок.

Треба да знаете
Последни објави