Search

Кина: Да не ја отвораме „Пандорината кутија“ на Блискиот Исток

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги предупреди светските лидери да не ја отвораат „Пандорината кутија“ на Блискиот исток и повика на водржаност.

Министерот говореше на заедничка прес-конференција во Пекинг со својот колега од Сирија, Валид Муалем, каде дискутираа во врска со актуелните прашања во регионот како и за иранскиот нуклеарен договор.

Ванг Ји изрази загриженост и ги повика сите лидери да ја намалат тензијата и да не дозволат овие спорови да преминат во конфликт.

Во врска со иранскиот нуклеарен договор, министерот посочи дека одлуката на Советот за безбедност при ОН мора да биде итно применета и дека ова е едниственото реалистично и ефективно решение.

Тој нагласи дека Кина безрезервно го поддржува договорот од 2015 година и додаде дека земјата ќе продолжи да соработува со сите страни со цел да постигне напредок во трансформацијата на нуклеарниот реактор на Техеран.

Треба да знаете
Последни објави