Search

Кина го усвои спорниот закон за национална безбедност за Хонгконг

Кинескиот парламент речиси едногласно го усвои нацрт законот за национална безбедност за Хонгконг, како одговор на протестите во некогашната британска колонија.

Речиси 3.000 пратеници во парламентот го усвоија законот, кој веќе предизвика реакции во САД.

Американските власти вчера соопштија дека Хонгконг веќе ја нема автономијата која им беше ветена од кинеските власти, со што се отвора пат САД да го укинат преференцијалниот трговски и финансиски статус на поранешната британска колонија, која го имала од кога е вратена под управа на Кина во 1997 година.

Во меѓувреме, интервентна полиција е распоредена околу зградата на Законодавниот дом во Хонгконг, каде пратениците би требало да расправаат за нацрт законот, кој би го криминализирал непочитувањето на кинеската државна химна.

Треба да знаете
Последни објави