Search

Кина го потврди формалното апсење на двајца Канаѓани по неколкумесечен притвор

Кина официјално уапси двајца канадски државјани, кои беа притворени со месеци за загрозување  на национална безбедност во случај кој ги влоши тензиите меѓу Пекинг и Отава, пренесува РТ.

Двајцата Канаѓани, поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Спавр,  кој организираше патувања во Северна Кореја,- беа уапсени во декември минатата година. Кинеското МНР соопшти дека Ковриг бил уапсен под обвинение за собирање државни тајни, а Спавр бил уапсен под обвинение за крадење тајни за странските сили.

„Канада остро го осудува нивното произволно апсење како што го осудивме нивниот арбитрарен притвор на 10 декември”, се вели во изјавата на канадското Министерството за надворешни работи за канадски „Глоуб анд мејл“.

Првично Канаѓаните беа обвинети за активности што ја загрозуваат безбедноста на Кина – фраза што Пекинг ја користи за да опише шпионажа. Подоцна, Кина објави дека постои сомнение дека Ковриг шпионира и краде државни тајни со помош на Спар.

И двајцата беа притворени неколку дена откако Канада го притвори извршниот директор на „Хуавеј“, Менг Ванжу по барање за екстрадиција во САД, што поттикна шпекулаци дека тоа е одмазднички чин на Пекинг.

Менг, која моментално е ослободена кауција, се соочува со обвиненија за измама во врска со наводното кршење на американските санкции за Иран.

Се чини дека Канада го трпи главниот удар на реакцијата на Кина, со што Менг во голема мера се смета за монета за поткусурување во тековната американска трговска војна со Кина.

Треба да знаете
Последни објави