Search

Кина го затвори кампот под Монт Еверест поради зголемен отпад

Кина го затвори кампот на својата страна на Монт Еверест за посетители, кои немаат дозвола за качување. Властите одлучиле да го затворат кампот поради се поголемиот проблем со отпад на планината.

Со забраната, која ја воведоа властите, посетителите можат да одат до манастирот кој се наоѓа на 5.200 метри надморска височина.

Последните години се зголеми бројот на посетители, а со оглед дека кампот се наоѓа во Тибет, дотаму може да се дојде со автомобил. Со зголемувањето на бројот на посетители, се зголемува и ѓубрето со кое, веќе со години се бори највисокиот врв на светот.

За да се спречи трупањето на отпад, на туристите без дозвола за качување им е забранет пристапот до подрачјаеот над манастирот Ронгбук. Тие кои имаат дозвола можат да го користат кампот, кој се наоѓа на 8,848 метри надморска височина.

Претходно властите најавија дека секоја година, бројот на дозволи за качување на планината, ќе се ограничи на 300.

Треба да знаете
Последни објави