Search

Кина ги откажа сите меѓународни спортски настани

Кина ги откажа сите меѓународни спортски настани што беа планирани да се случат до крајот на оваа година.

Единствен исклучок ќе бидат пробите за Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг и соседниот Џенџијаку.

Наредбата на Министерството за спорт вклучува шест тениски турнири за жени, финалето на ВТА во Шенжен во ноември, како и четири турнири на АТП.

Беа планирани два големи турнири за голф во Шангај, Светското првенство за голф и ЛПГА.

Азиското првенство во искачување требаше да се одржи во Сјамен во октомври, а финалето на Светската турнеја за Бадминтон требаше да се одржи во Гвангжу во декември.

Исто така, значи дека трката во Формула 1 во Шангај, која беше одложена во октомври, нема шанси да се одржи, и нема да има две трки со велосипедисти закажани за октомври.

Во Кина успеаја да ја контролираат ситуацијата кога станува збор за коронавирусот, но остануваат претпазливи за можноста инфекцијата да дојде однадвор.

Треба да знаете
Последни објави