Search

Кина веќе не прима отпад од хардвери, бродови, автоделови, дрво…

Кина ќе ја прошири забраната за увоз на цврст отпад, објавија денеска кинеските медиуми , скоро една година откако започнаа првите ограничувања кои предизвикаа хаосот во земјите што извезуваат отпад.

Ограничувањата се проширени од минатогодишните 24 на 32 категории цврст отпад,  а стапуваат на сила на 31 декември, објави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на четирите владини агенции. На пописот на забранет отпад сега се хардверите, бродови, авто делови, гломазен и мал отпад од нерѓосувачки челик, железо, титаниум и дрво, објави Ксинхуа.

Првата забрана предизвика проблеми низ целиот свет бидејќи компаниите за рециклирање го изгубија пристапот до главниот пазар на отпад. Од 1992 година, дури и 72 проценти од пластичниот отпад од целиот свет завршуваше во Кина и Хонг Конг, според истражувањето на Science Advances.

Кина лани купи повеќе од половина отпаден материјал извезен од САД, но овој удел се намалува поради кинеските регулаторни ограничувања за видовите отпад што кинеските компании можат да го купат. Во Пекинг истакнуваат дека новите ограничувања се во согласност со политиката за заштита на животната средина. Овој потег укажува на тоа дека Пекинг повеќе не сака да биде светска канта за отпадоци, ниту канта за рециклирање.

На компаниите за рециклирање не им оди на рака ниту построгата политика за квалитет на отпадот што Кина ќе го увезува во иднина.

Пекинг за производите од картон и метали лани одреди ниво на загадување од само 0,5 проценти . Овој екстремно низок процент ќе значи дека амеркианските и другите компании во сегментот на рециклирање ќе мора да ја сменат технологијата за рециклирање и техники за сортирање за да ги исполнат новите стандарди.

Се предвидува дека светскиот извоз на пластика во Кина ќе се намали од 7,4 милиони тони во 2016 година на само 1,5 милиони тони оваа година, додека извозот на хартија може да потоне на една четвртина, пренесува АФП.

 

Треба да знаете
Последни објави