Search

Ким Џонг-ун: Сега кога имаме нуклеарно оружје, нема да има повеќе војни

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, изјави дека нема да има повеќе војни, бидејќи нуклеарното оружје на земјата е гарант за нивната безбедност и иднина, и покрај надворешниот притисок и воените закани, објавија денеска државните медиуми.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА наведува дека Ким Џонг-ун изјавата ја дал за време на одбележувањето на 67-годишнината од крајот на Корејската војна 1950/53 година.

Севернокорејскиот лидер истакна дека земјата го развила нуклеарно оружје со цел да има „апсолутна сила“ за да избегне нов вооружен конфликт.

Ким Џонг-ун го одржа говорот во време кога разговорите се стопирани, а беа покренати со цел да се уништи нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг во замена за укинување на меѓународните санкции.

Водачот на Северна Кореја се состана со американскиот претседател, Доналд Трамп, за првпат во 2018 година во Сингапур, што ги зајакна надежите дека преговорите ќе доведат до крај на нуклеарната закана.

Сепак, нивниот втор самит во 2019 година во Виетнам и последователните состаноци пропаднаа без договор.

Треба да знаете
Последни објави