Search

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе создаде непобедлива армија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе направи непобедлива армија, која никој не би се осмелил да ја предизвика. Тој ги обвини САД дека создаваат тензии со погрешни потези нагласувајќи дека во пракса не покажуваат оти немаат непријателски намери кон неговата земја.

Ким Џонг-ун зборуваше за создавање непобедлива армија на изложбата на ново оружје на Северна Кореја, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

„САД честопати велат дека не се непријателски настроени кон нашата земја, но нема докази што би нѐ убедиле дека тие не се непријателски. Вашингтон продолжува да создава тензии во регионот со своите погрешни процени и постапки“, рече севернокорејскиот лидер.

Ким рече дека модернизацијата на севернокорејската армија не е насочена против Јужна Кореја и дека не треба да има нова војна во која корејскиот народ би се борел меѓусебно.

Изложбата на оружјето „Самоодбрана-2021“ се одржа вчера и е настан што е дел од прославата на 76. роденден на владејачката Работничка партија.

Треба да знаете
Последни објави