Search

Ким Џонг Ун го поканил Трамп на состанок во Пјонгјанг

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун го поканил американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Пјонгјанг, објави денеска  јужнокорејскиот весник „Чунан Илбо”.

Според весникот, поканата била содржана во писмото испратено од Ким до Трамп во втората половина на август.

Како што претходно беше објавено, Трамп не исклучи нова средба со лидерот на Северна Кореја пред крајот на оваа година. Лидерите на двете земји досега се сретнаа три пати – во Сингапур и Ханој, како и во демилитаризирана зона меѓу Јужна и Северна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави