Search

Ким Џонг-ун вети борба против санкциите

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции, за кои рече дека донеле „многу тешкотии и искушенија“ за неговата земја.

Државните медиуми денес го прикажаа Ким како се качува на планината Пекту на бел коњ.

Пекту, највисокиот врв на Корејскиот Полуостров, Севернокорејците го сметаат за свет, а Ким често оди таму пред да донесе најважни одлуки, како што беше влегување во преговори со САД и Јужна Кореја минатата година.

Агенцијата КЦНА објави дека Ким, исто така, ги посетил околните градежни места и зборувал против санкциите воведени заради севернокорејската нуклеарна програма.

„Страдањето што непријателските сили предводени од САД му го нанесоа на корејскиот народ (…) се претвори во гнев“, рече Ким.

Нуклеарните разговори меѓу САД и Северна Кореја пропаднаа претходно овој месец.

Треба да знаете
Последни објави