Search

Ким со воз тргна кон Виетнам на средба со Трамп

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун со воз тргна во Ханој каде би требало да се состане со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Блиндираниот воз тргна од Пјонгјанг околу 5 часот по локално време, а како што се наведува, возот до виетнамската престолнина ќе патува 48 часа, пренесе „ТАСС“.

Виетнамското министерство за надворешни работи соопшти претходно дека Ким ќе допатува во Виетнам пред самитот, во пријателска посета на земјата, но не е објавено кога точно ќе дојде, ниту пак е објавен распоредот за посетата.

Возот на Ким ќе патува до границата со Виетнам до местото Донг Данг, од каде до Ханој ќе продолжи со автомобил, поради што локалните власти најавија затворање на патиштата.

Самитот на Трамп и Ким е закажан за 27 и 28 февруари.

Треба да знаете
Последни објави