Search

Ким Кардашијан ќе проговори за разводот во ново ТВ-шоу

Ким Кардашијан Вест, наводно, ќе го документира својот развод во ново телевизиско шоу.

Sвездата на „Дружење со семејството Кардашијан“ поднесе барање за развод од Канје Вест на почетокот на овој месец и сега беше објавено дека нивниот претстојна разделба ќе биде една од темите во нова програма за славното семејство.

Извор изјави за весникот „Сандеј мирор“ дека Ким ќе говори за раздорот во последната серија на семејното Е! реалити-шоу, додека исто така може да биде тема на дискусија во нова реалити-серија „Хулу“, која ќе дебитира подоцна оваа година.

Во меѓувреме, таблоидите објавија дека Ким е тажна, но и дека прилично ѝ олеснало откако поднесе барање за развод од Канје на почетокот на февруари.

Треба да знаете
Последни објави