Search

Ким Кардашијан ги покажа своите облини во микробикини со змиски дезен

Ким Кардашијан продолжува да се фокусира на себе во период во кој, според таблоидите, не ѝ цветаат рози во бракот со Канје Вест.

39-годишната sвезда на ријалити серијалот ,,Дружење со семејството Кардашијан (Keeping Up with the Kardashians) повторно се појави на својот Инстаграм во понеделникот вечерта, овој пат објави три секси фотографии на кои позира во бикини со змиски дезен покрај инфинити базен.

Својата најнова објава на Инстаграм ја наслови „Ноќно пливање“.

Весниците пишуваат дека ова најверојатно е базенот на нејзината мајка Крис Џенер на семејниот мултимилионски имот Ла Квинта во близина на Палм Спрингс, бидејќи позадината наликува на фото-сесијата на нејзината постара сестра Кортни заедно со најблиската пријателка Адисон Ре.

Треба да знаете
Последни објави