Search

Кил преку пеналите до третото место во ракометната ЛШ

Ракометарите на Кил го освоија третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите што се игра во Келн откако славеа над Веспрем по подобро изведување пенали.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 34:34, а во пенал серијата германскиот тим славеше со 3:1. Никлас Ландин ги одбрани седмерците на Маргуц и на Лауге, а Екберг, Вајндхолд и Ландин беа сигурни реализатори и му ја донесоа победата на Кил.

Во првото полувреме Веспрем беше подобар тим, им дозволија на „зебрите“ само во два наврати имаа предност (3:2,12:11) и на одмор заминаа со предност од четири гола (14:18). Во вториот дел Веспрем ја одржуваше предноста во првите 15-тина минути по што „зебрите“ предвоени од МИха Зарабец успеаја да ја анулираат предноста и да влезат во неизвесна завршница, а во 53 минута по голот на Ериг поведоа со 32:31.

Никлас Ландин го одбрани седмерецот на Ненадиќ, но Веспрем успеа да ја се созеде и во последните две минути се влезе максимално израмнето 33:33. Во последната минута Екберг реализара пенал за водство на Кил од 34:33 по што тренерот на Веспрем Момир Илиќ го побара последниот тајмаут на 20 секунди до крајот.

Веспрем тргна со цепелин на Јахија, по што беше досуден седмерец за унгарскиот тим кој Мае го реализира и го однесе натпреварот во пенал серијата во која Никлас Ландин одбрани два пенали и на Кил му го донесе третото место. Билик со седум гола беше најпрецизен кај Кил, Винчек и Зарабец дадоа по шест, додека кај Веспрем најрасположени за игра беа Јахја Омар со осум, Андреас Нилсон со седум и Кентан Мае со шест гола.

Треба да знаете
Последни објави