Search

Киеза опериран, ќе паузира околу седум месеци

Јувентус и Италија нема да може да сметаат на Фредерика Киеза до август оваа година. Ова е прогнозата на лекарите по успешната операција на лигаментите на коленото на крилниот напаѓач.

Киеза се повреди во дуелот со Рома, но поради настинка мораше да биде одложена итната операција.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини потврди дека повредата на Киеза е голем удар за фудбалеот на Апенините, но му упати порака со која побара од него да не се предава и дека со нетрпение го очекуваат повторно во тимот.

Воедно, Италија на 24 март ја дочекува Македонија во полуфиналниот бараж за СП во Катар.

Треба да знаете
Последни објави