Search

Киев го продолжи законот за специјалниот статус на Донбас

На денешната вонредна седница, украинскиот парламент го продолжи законот за специјалниот статус на Донбас до крајот на 2020 година.

Вкупно 320 пратеници ја поддржаа одлуката, за која се потребни најмалку 226 гласови „за“.

„Членот на украинскиот закон за специјална постапка на локална самоуправа во некои области од регионите Доњецк и Луганск, ќе ја замени бројката 2019 година со 2020 година“, стои во текстот на документот што беше усвоен.

Ова значи дека законот за специјалниот статус на Донбас е продолжен на една година, до крајот на 2020 година и не се направени други измени во законот од украинските пратеници, пренесува ТАСС.

Документот стапува во сила на денот на објавувањето.

Законот за специјалниот статус на локалната самоуправа во некои области од Донецк и Луганск е на сила од 18 октомври 2014 година, а украинските пратеници веќе го продолжуваат.

Треба да знаете
Последни објави