Search

Киднапираната мексиканска локална политичарка пронајдена мртва

Tелото на политичарката Анел Буено е пронајдено еден месец откако таа заедно со уште три лица беше киднапирана  од група вооружени лица, изјави претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тие беа киднапирани на 29 април, кога беа во посета на градот Икстлахукан, источно Мексико. Нивните запалени тела се пронајдени на околу 30 километри од местото каде беа киднапирани.

Буено беше членка на владејачката партија Национално движење за обнова, како и претставничка на западната сојузна  држава Колима.

Во Мексико минатата година беа регистрирани речиси сто убиства секој ден. Убиствата главно се должат на картелите и бандите вклучени во трговија со дрога, киднапирање и уцени. Повеќето кривични дела во земјата не се процесуирани ниту решени.

Треба да знаете
Последни објави