Search

Киднапирале арачиновец и го претепале кај стрелиштето „Камник“

Триесет годишен жител на село Арачиново во попладневните часови на 10. јануари со повреди бил донесен во општата болница „Свети Наум Охридски“.

Како што било пријавено во полиција, жителот на Арачиново бил нападнат од двајца насилници, кои во скопската населба Ченто насилно го ставиле во автомобил „голф“ и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде го претепале.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави