Search

Кибернапад врз бензински пумпи ги остави Иранците без гориво

Иранските бензински пумпи биле цел на кибернапад, јави денеска државната телевизија ИРИБ.

Претходно во текот на денот имаше информации дека бензинските пумпи низ целата исламска Република биле нападнати од хакери, а хакираните компјутерски системи го покажувале само прашањето „Каде е гасот?” упатено до иранскиот врховен лидер.

– Нарушувањата во системот за полнење гориво на бензинските пумпи во изминатите неколку часа беа предизвикани од кибернапад. Техничките експерти го решаваат проблемот и процесот на полнење гориво наскоро ќе се нормализира, информира телевизијата.

Нападите доаѓаат речиси две години по големите протести што ја зафатија земјата поради големиот пораст на цените на горивото.

Треба да знаете
Последни објави