Search

Кејт Мидлтон доби нов прекар поради ангажманот со децата

Откако Меган Маркл ја напушти Велика Британија, британската јавност е свртена кон Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и сопруга на идниот крал на Велика Британија. Кејт Мидлтон работеше повеќе од вообичаено во последните неколку месеци, така што британски „Дејли мирор“ напиша дека поради својот ангажман добила нов прекар.

Бидејќи Кејт е најмногу посветена на детските организации и дека најдобро ѝ одат задачи што вклучуваат дружење со деца, фановите на британското семејство ја нарекоа Детска принцеза.

Прекарот ги потсети многумина на оној што го носеше покојната принцеза Дијана, која беше Народна принцеза бидејќи беше посветена на работата со обичниот народ и најмногу ѝ се допаѓаше делот од работата што вклучуваше комуникација со луѓето.

Кејт Мидлтон обожава деца, а и децата ја обожаваат неа. Неодамна му се извини на едно девојче што не носи фустан на Пепелашка, откако девојчето се пожалило дека е разочарано од облеката што ја носи.

Треба да знаете
Последни објави