Search

Кејт и Вилијам пред родителска дилема

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ се една од омилените славни двојки во светот и уште поомилени славни родители.

Кејт Мидлтон постојано добива пофалби за нејзината скромност во изборот на облека и фактот дека носи исти аутфити во различни пригоди, а на децата им дава облека што таа и Вилијам ја носеле кога биле на нивна возраст.

Сега родителите на принцовите Џорџ и Луј и принцезата Шарлот се наоѓаат пред друга дилема што нема врска со модата, туку со помодарство.

„Тешко ни е да најдеме рамнотежа и да одлучиме колку време ќе поминуваат со семејството, а колку на интернет“, признава Вилијам.

Тој вели дека ова е тема на која мора да се разговара во општеството.

„Како ќе го воведеме времето во кое сите ќе ги остават на страна смартфоните? Сите сме толку поврзани и зависни, што мораме да напоменуваме дека не можеме да разговараме бидејќи јадеме“, вели принцот Вилијам.

Тој открива дека се соочува со овој проблем и се прашува како другите родители се справуваат со тоа.

„Ова ќе биде првата генерација што ќе порасне целосно опкружена со мобилни уреди, социјални мрежи и слично. А ние, постарата генерација, родителите, сме  препуштени сами на себе и не сфаќаме како ќе го решиме тоа, каде се движиме и како ќе се справиме со дигиталниот свет во кој живеат нашите деца“, вели Вилијам.

Треба да знаете
Последни објави