Search

Кејт во улога на учителка на своите деца

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (38) им помага на своите деца, принцот Џорџ (6) и принцезата Шарлота (4), во училишните обврски. Тие не сакаат да заостанат со материјалот додека трае пандемијата на коронавирусот и училиштата се затворени. За најмладиот син, принцот Луис (1), војвотката секој ден организира време за игра, пренесуваат странските медиуми.

Кејт ги води повеќето од предавањето на децата. Секој ден работи нешто ново со нив“, изјави извор за странските медиуми. Исто така, и помага и принцот Вилијам (37). Нивниот главен приоритет е децата да се навикнат на домашната средина додека трае пандемијата на коронавириусот. Двојката е вклучена во образованието на принцот Џорџ и принцезата Шарлота, кои имаат низа активности секој ден.

Вилијам и Кејт моментално се со своите деца во вилата Анмер Хол во Англија. Тие го следат развојот на состојбата со коронавирусот, а минатата недела кралскиот експерт откри дека Војводата од Кембриџ ќе ја заземе улогата на државник за време на кризата. Тој ќе го води кралското семејство и ќе ја поддржува нацијата.

Како што најавија, тие наскоро ќе претстават проект за психолошка помош од 5 милиони фунти за граѓаните на Велика Британија за време на карантинот.

Треба да знаете
Последни објави