Search

Кејт Бланшет не контактира со својот брат кој има лесна попреченост

Актерката Кејт Бланшет (50) е милионерка која живее во луксузна вила во Обединетото Кралство, а нејзиниот брат Роберт Бланшет (51)живее во Мелбурн во мал стан.

Иако Кејт е актерска ѕвезда, Роберт не сакаше да биде дел од тој свет. Како што пишува „Дејли мејл“, живее мирен живот подалеку од камерите.

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

„Јас не сум јавна личност”, изјави тој за австралиски „Дејли мејл“. Сепак, Роберт неодамна се најде во центарот на вниманието кога американскиот портал напиша дека е отуѓен од неговата позната сестра.

На Роберт му е дијагностицирана лесна попреченост и беше фотографиран од папараците додека чекаше превоз. Американските медиуми, наводно, разговарале со Роберт во неговиот скромен дом.

Роберт истакнал дека не се слуша со неговата позната сестра.

„Ама ајде, таа има тим покрај кој им е удобно на луѓето. Јас не сум еден од нив“, рече тој.

Богатството на Кејт Бланшет се проценува на 85 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави