Search

Кејт Бингам: Првата генерација на вакцини против Ковид-19 веројатно нема да биде ефикасна за сите луѓе

Првите вакцини против новиот коронавирус веројатно ќе бидат нецелосни и веројатно нема да бидат ефикасни за сите луѓе, рече Кејт Бингам, која ја предводи британската работна група за вакцини.

„Сепак, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина. Важно е да се избегне прекумерен оптимизам“, напиша Бингам во написот објавен во медицинското списание „Лансет”.

Првата генерација на вакцини веројатно ќе има недостатоци и треба да бидеме подготвени за фактот дека нема да ја спречи инфекцијата, туку повеќе ќе дејствува на намалување на симптомите, па дури и тогаш може да не биде ефикасна за сите луѓе или барем за долго време “, објасни таа.

Работната група за вакцини признава дека голем дел од вакцините, а можеби и сите може да бидат неуспешни, напиша таа.

Фокусот е ставен на вакцините кои предизвикуваат имунолошки одговор кај популацијата постара од 65 години, додаде Бингам.

Таа додаде дека глобалните капацитети за производство на вакцината генерално не се соодветни за производство на милијарди дози потребни на светот.

Треба да знаете
Последни објави