Search

Кети Пери се здружи со „Покемон“ за нова музичка програма

Поп-sвездата Кети Пери се здружува со култниот серијал на P25 Music во нов потфат по повод 25-годишнината на „Покемон“.

36-годишната Кети, која во август се породи со своето прво дете, ќерката Дејзи, сега е уште повеќе заинтересирана за оваа соработка, откако стана мајка.

„Сакам да бидам дел од сè што е разиграно… раскажување приказни кои имаат навистина добри пораки што треба да се споделат со светот. Сега, имам дете и сфаќам колку е важно да се игра“, вели таа.

Кети се потсети на неверојатното искуство што го имала кога била во Pokemon Cafe во Јапонија во 2019 година.

Таа во изјава за „Пипл“ рече: „Бев бремена кога бев таму. Тоа место е неверојатно. Ги донесе сите прекрасни спомени од детството. Одам во Јапонија од мојата 17-та година секоја година и навистина сакам сè што е создадено таму “.

Кети признава дека може да се поистовети со главниот јунак на Покемон, Пикачу.

 

Треба да знаете
Последни објави