Search

Кети Пери и Орландо Блум очекуваат дете, ја издаде нејзиното заоблено стомаче во тесен фустан

Американската пејачка Кети Пери (34) и нејзиниот свршеник, актерот Орландо Блум (42) присуствуваа на премиерата на новата серија „Carnival Row“ во Лос Анџелес. Двојката се бакнуваше и се допираше пред камерите, а обожавателите го забележаа нејзиното трудничко стомаче во тесен виолетов фустан.

„Ако досега се сомневавме во бременоста, сега сме сигурни, сè ни кажа стомакот. Честитки“, напишаа нивните следбеници на социјалните мрежи.

Кон крајот на јули, Кети и Орландо уживаа во луксузна јахта на најголемиот шпански остров Мајорка. Пејачката се капеше и нуркаше, и уште тогаш бил забележлив нејзиниот заоблен стомак додека шетала по палубата.

Познатата двојка планира да се венча кон крајот на оваа година.

Треба да знаете
Последни објави