Search

Кети Грифин се пошегува со твит по веста за пукање во близина на Белата куќа

Претседателот Доналд Трамп беше ненадејно изнесен од прес-конференција во понеделникот поради пријавено пукање што се случило во близина на Белата куќа.

А Кети Грифин, гласна критичарка на Трамп, се појави на Твитер со шега да ги увери своите 2.1 милиони следачи на социјалната мрежа дека нема никаква врска со инцидентот.

„Не бев јас“, твитна 59-годишната комичарка, неколку минути по веста за пукањето.

Иако таа не го спомена инцидентот директно, ниту пак го тагна или означи Трамп во својот твит, следачите на Грифин точно знаеа на што мислеше.

Неколку минути по импровизираната евакуација, претседателот Трамп (74) се врати во просторијата за брифинг во Белата куќа и на новинарите им ги откри деталите за пукањето, објави „Си-ен-ен’.

Треба да знаете
Последни објави