Search

Кери повторно во култните чевли во новите епизоди на „Сексот и градот“

Едни од најпознатите модни додатоци што ги прослави Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во култната серија „Сексот и градот“ се кралско сините чевли „Маноло“ со тока.

Не е ни чудо што инспирираа многу брендови да нудат слични модели по пристапна цена. Но, фановите на серијата беа особено воодушевени кога видоа дека Сара Џесика Паркер уште еднаш го облече култниот чифт во новите продолженија на серијата.

Некои од чевлите што Кери Бредшо ги носеше во серијата, а подоцна и во филмовите, секако добија култен статус меѓу модните додатоци.

Ова особено се однесува на еден чифт кој беше толку посебен за Кери што таа реши да се омажи за Фаца во нив на церемонијата на венчавање. Тие всушност ѝ служеа како веренички прстен.

Станува збор за сатенски салонки на легендарниот дизајнер на чевли Маноло Бланик, во кралско сина боја и со тока.

Треба да знаете
Последни објави