Search

Кери Лам преку видео снимка се обрати во Парламентот на Хонг Конг

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам и денеска мораше да го прекине својот годишен говор откако некои пратеници гласно ја попречуваа седницата, по што нејзиниот говор беше емитуван преку видео снимка. Таа во своето обраќање претстави пакет мерки за недвижнини со цел враќање на довербата на граѓаните во нејзината администрација по четиримесечните антивладини протести.

Лам, исто така, рече дека во протестите се повредени повеќе од 1.100 луѓе и повеќе од 2.200 се уапсени. Таа порача дека нејзината Влада ќе продолжи да ја почитува формулата „една земја, два системи” и нема да толерира повици за независност или што било што може да и наштети на националната безбедност и суверенитет на Кина.

Таа најави и дека Владата драстично ќе го зголеми бројот на проекти за домување.

– Јасна цел е секој граѓанин на Хонг Конг и неговото семејство повеќе да не мора да се грижат поради проблеми со домување и да имаат свој дом во Хонг Конг, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави