Search

Кербер и Кис ја сочинуваат првата четвртфинална двојка на ВТА турнирот во Осака

Четвртата фаворитка Анџелика Кербер (Германија) и петтата носителка Медисон Кис (Америка) ќе се соочат во четвртфиналето на  тенискиот ВТА турнир во Осака, Јапонија.

Ова е епилогот по осминафиналните победи на двете тенисерки над своите ривалки. Кербер ја совлада Никол Гибс од САД со 2:0, додека Кис беше поуспешна од Зарина Дијас од Казахстан со 2:1.

Осминафиналната фаза ќе заврши утре.

Наградниот фонд на турнирот во Осака изнесува 758 илјади долари. 

Треба да знаете
Последни објави