Search

Кели Кларксон мора да му плаќа на поранешниот сопруг месечна издршка во износ од 200,000 долари

На Кели Кларксон ѝ е наложено да му плаќа на својот поранешен сопруг Брендон Блексток приближно 200,000 долари месечно како издршка за него и за нивните две малолетни деца.

39-годишната пејачка, текстописец и ТВ-водителка („Шоуто на Кели Кларксон“), чиј имот е проценет на 45 милиони долари, од 1 април 2021 година требаше да му плаќа на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен менаџер 50,000 долари месечно како издршка на поранешен брачен другар.

Дополнително, судот ѝ наложи да му плаќа уште 45,000 долари месечно на Блексток како издршка за нивните малолетни деца Ривер (7) и Ремингтон (5), според правните документи до кoи дојде The Blast.

Документите откриваат и детали за финансиите на Кларксон, нведувајќи дека таа заработува 1.583.617 долари месечно.

Сè на сè, Кели ќе треба да пополнува чек од 195.601 долари за нејзиниот поранешен секој месец.

Судот дополнително бара од неа да плати 1,25 милиони долари за да ги покрие адвокатските трошоци на Брендон настанати со разводот.

Треба да знаете
Последни објави