Search

Кели Бенсимон практикува социјално дистанцирање покрај базен во својот дом

Таа најави одмор од социјалните медиуми на почетокот на овој месец.

Оваа недела Кели Бенсимон повторно се појави во јавноста, откако им дозволи на фотографите да ја сликаат во нејзиниот дом со цел да ги докаже обидите за дистанцирање од луѓе во текот на пандемијата на коронавирус.

Поранешната манекенка и американска телевизиска ѕвезда е позната по тоа што во петата деценија има фантастична линија и водушевува со својот изглед.

 

51-годишната ѕвезда од ТВ-серијата „Вистински домаќинки од Њујорк“ сè уште им пркоси на годините со беспрекорна фигура додека ужива околу базенот во нејзиниот дом во Вест палм бич, Флорида.

Кели, поранешна жена на францускиот моден фотограф Жил Бенсимон, ја сликаа и во секојдневно, кежуал издание додека се дружи со кучето внатре во куќата.

А во периодот на дистанцирање од луѓе, поранешниот модел не се откажува од  секојдневната рутина – џогирање покрај морето.

Поранешната ријалити ѕвезда со тело на млада девојка во неонско зелен комплет хеланки и топ за џогинг.

Претходно овој месец, Кели ги посети Бахамите, во време кога низ целиот свет се слушаат препораките за изолација, пишува британски „Дејли мејл“.

„Таа тврди дека е во карантин во луксуз, иако се чини дека не ги почитува правилата за социјално растојание и ограничен контакт со другите,“ оценува таблоидот.

Треба да знаете
Последни објави