Search

Кеирош „леташе“ во воздух по победата на Иран

Карлос Кеирош се врати на кормилото на Иран и го води на третиот Мундијал, а како што изгледа на овој во Катар има доста сериозни шанси да ја мине групната фаза, затоа што во меѓусебна пресметка со Американците ќе одлучува за иднината.

Победата над Велс (2-0) во драматичен финиш, со голови во 99. и 101. минута, ја сменија целата ситуација во групата Б на Мундијалот. Иранците имаат сериозна шанса да одат понатаму и решаваат во директна пресметка.

По големата победа над Велшаните кои одиграа бледо и беа отсечени на теренот, стариот лисец Карлос Кеирош доби награда од фудбалерите – „леташе“ во воздух пред ТВ-камерите, на раце на играчите, додека тимот славеше лудо.

Треба да знаете
Последни објави