Search

Кедира е опериран, ќе паузира три месеци

– Германскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Сами Кедира, денеска беше опериран во Аугзбург, а рехабилитацијата ќе почне веднаш.

Кедира имаше повреда на левото колено, па мораше да се „исчисти” коленото со артроскопска операција, на која присуствувал и клупскиот лекар на Јуве. Од Јувентус објавија дека операцијата која ја правеше германски хирург е успешна, а Кедира повторно ќе може да игра за три месеци.

За време на тримесечното отсуство на Кедира кој игра во средниот ред, поголема минутажа во тимот на „Старата дама” од Торино ќе имаат Уругваецот Родриго Бентанкур и Французинот Адриен Рабио.

Треба да знаете
Последни објави