Search

Кебап само од мелено свежо месо, во плескавицата може и кромид

Остатоци од месо, зеленчук, млеко и производи од млеко, јајца и производи од јајца, производи од риба, но и печурки и житарки и брашно… Не станува збор за популарната македонска „турли-тава“ туку за состав на колбаси и сувомесни производи од нашите производители. Агенцијата за храна и ветеринарство направи измени на Првилникот за производство на мелено месо и производи од него, според кој, точно се одредува начинот и составот на истиот. Според правилникот до кој дојде 24 инфо, кебапи се произведуваат исклучиво од свежо месо, а во плескавицата е дозволено да има и кромид. Новиот правилник го става под знак прашалник и производството на шкебе- чорба, а јазик и црн дроб ќе може да се купат само од ресторани или од месарници со посебна декларација.

Од први мај годинава сите оператори со храна кои произведуваат мелено месо, но и производи од мелено месо треба да бидат подготвени на новиот начин на производство и декларирање. Според Правилникот подготовките од месо и производите од месо, во декларацијата, освен задолжителните податоци за информирање согласно Правилникот за информации поврзани со храната треба да содржат и податоци за содржина на вкупни протеини, содржина на колаген во протеини од месо и содржина на вода.

-Подготовките од месо, доколку се произведени од замрзнато месо  треба да содржат и информација дека се произведени од замрзнато месо со датумот на замрзнување на месото. Во меленото место не сее да има генитални органи од женски и машки животни, органи од уринарниот тракт, рскавица на гркланот, дишникот, очи и очни капаци, но и надворешен ушен канал, рогови и глава на живина. Но затоа , но затоа може кикиритката од главата на птиците- стои во Правилникот.

За производство дозволено е да се користи месо од бут, слабини, грб, поголемите крвни садови и лимфни јазли, месо кое е грубо исчистено од масното и сврзното ткиво и кое содржи до 20 отсто на масти. При производство на производи од месо може да се употреби и механички одвоено месо- МОМ, доколку во процесот на производство истите подлежат на термичка обработк. Според правилникот како додатни состојки може да се употребуваат и други прехранбени производи од животинско потекло како млеко и производи од млеко, јајца и производи од јајца, производи од риба. Дозволено е користење на прехранбени производи од растително потекло како зеленчук, печурки, житарици.

-Внатрешните органи и кожа (јазик, хранопроводник, бел дроб, црн дроб, преджелудник на преживарите, мускулен дел од желудник на живина), не се употребува во производство на подготовки и производи од месо во одобрен објект на производство доколку наведените подготовки и производи не подлежат на соодветен термички топлотен третман. Механички обескостено месо и внатрешните органи и кожа (јазик, хранопроводник, бел дроб, црн дроб, преджелудник на преживарите, мускулен дел од желудник на живина) не се употребува на ниво на малопродажни објекти, вклучително и месари и угостителски објекти, во производство на било кој тип подготовка и производ од месо- велат експертите.

По исклучок црниот дроб и јазикот може да се продаваат и подготвуваат како посебен тип подготовка и производ, со јасно декларирање на називот.   Според измените, мелено месо од мисирка може да се произведува од разладено и замрзнато месо од мисирка најдоцна три дена по нивното колење.

Според правилникот, ќебапи се производ од валчест облик добиен со обликување на мелено свежо месо, масно ткиво и  додатни состојки. Плескавица, пак е производ добиен со обликување на свежо месо, масно ткиво и додатни состојки на кои може да му се додаде кромид. Во производството на обликуваното мелено месо како додатни состојки може да се користат сол, зачини, екстракти на зачини, шеќер и адитиви доколку е тоа уредено со Правилникот за адитиви што се употребуваат во производство на храна.

„Подготовките од месо треба да бидат оладени во најкраток можен рок до внатрешна температура согласно вредности на температура од прописи за хигиена и безбедност на храна од животинско потекло или доколку се длабоко замрзнати, треба да бидат оладени до внатрешна температура под -18°Ц во најкраток можен рок.- вели Правилникот.”

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави