Search

КБ Прво пензиско друштво со поддршка на хуманитарниот настан „Продолжи понатаму“

КБ прво пензиско друштво како партнер и помагател активно се вклучи во годинешниов настан „Pay It Forward“ (Продолжи понатаму) кој во организација на женското здружение Inner Wheel Club Skopje Europea и во соработка со Здружението Аутизам МК, се одржа денес во Градскиот парк во Скопје.

За настанот, кој беше организиран со богата програма, вработените во КБ Прво пензиско друштво подготвија изненадувања за присутните дечиња, испраќајќи на тој начин порака за ширење на добрина, за прифаќање на различностите и за емпатија меѓу луѓето, бидејќи само така светот може да стане поубаво место за живеење.

„Pay It Forward” инаку е најголемо хумано движење во светот кое се организира во април, чија цел е поттикнување чинови на добрина во светски рамки. Движењето, кое е распространето во 86 земји во светот, функционира на тој начин што поттикнува секој да направи неколку добри дела за различни луѓе и од нив за возврат единствено  да побара и тие понатаму да направат добри дела за други луѓе. Во нашата земја женското движење Wheel Club Skopje Europea успеа да го пренесе овој хуманитарен настан во кој се вклучуваат многу компании и поединци. Веќе две години по ред тој се организира во соработка со Здружението Аутизам МК со што двете здруженија заедно ја шират идејата за прифаќање на различностите и за правење добри дела.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk 02 3224 229.  

 

Треба да знаете
Последни објави