Search

КБЦ Љубљана бара волонтери, расте бројот на заразени лекари

Клиничкиот болнички центар во Љубљана, најголемата болница во Словенија, бара волонтери затоа што се зголемува бројот на здравствени работници кои се заразени со коронавирусот.

Поради влошената состојба, болницата бара помош од студенти по медицина, но и психотерапија, фармација, биомедицина, медицински сестри, пренесува СТА и додава дека болницата во Марибор исто така бара помош од студенти.

КБЦ Љубљана исто така бара помош од средношколци по медицина кои се полнолетни.

Освен нив, се бара и помош од луѓе кои завршиле некои медицински курсеви или за нега, пренесува словенечката агенција.

Треба да знаете
Последни објави