Search

Кај скопјанец запленети два пиштоли и рамка со куршуми

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје започна истрага против осомничен за неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот во кој престојувал осомничениот, на улицата Лазар Трпков во Скопје, биле пронајдени два пиштоли со калибар од 7,62мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.

„До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави