Search

Кај Морача се создаде 15-километарска колона поради сообраќајна несреќа

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 7 часот утрово кај кањонот Морача, на магистралниот пат Колашин-Подгорица, јавува „Вјести“.

Сообраќајот е блокиран со часови и создадена е колона во должина од 15 километри.

До несреќата дошло на местото Дромира, а увидот е во тек.

„Ало“ наведе дека во несреќата учествувале два патнични автомобили и камион.

Треба да знаете
Последни објави