Search

Кај кои фирми легнале парите од државна помош за исплата на плати од 14.500 денари?

Компании на доскорешни владини функционери, приватни болници, обложувалници, казина, странски инвеститори, приватни училишта и универзитети, медиуми, винарски визби, текстилни фабрики, дури и религиски заедници добиле финансиска помош од државата за исплата на априлската плата од 14.500 денари за справување со последиците од кризата, објави Телма.

Според листата до која дојде Телма, околу 106.000 евра легнале на сметката на Брако од Велес, каде што се врати поранешниот вицепремир Кочо Анѓушев, а Аџибадем Систина на Орце Камчев добила 142.000 евра. Спорт лајф е во првите пет компании кои добиле најмногу пари, дури 183.000 евра. Делта Бет пак добила над 132.000 евра, Сенатор 131.000 евра, а на сметката на Принцес хотел и казино од Гевгелија легнале речиси 120.000 евра.

Прва на листата со речиси 1,2 милиони евра е битолската компанија Кромберт и Шуберт.

Пари добила и компанијата Дурмо турс за која се води судски процес за несреќата кај Ласкарци. А на листата е и Исламската заедница – Муфтивство Прилеп кај која легнале над 32.000 евра.

 

Треба да знаете
Последни објави