Search

Кај дилер на кокаин и хероин пронашле револвер и пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје почна истрага против дилер на дрога, кој бил фатен со кокаин, хероин и марихуана.

Според кривичната пријава,при претрес во домот на осомничениот било утврдено дека тој неовластено заради продажба кај себе држел разновидна наркотична дрога. Притоа од страна на припадниците на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле пронајдени и одземени: 449 грама марихуана, 390 грама хероин, 67грама хашиш и 2 грама кокаин во различни пакувања, како и неколку дигитални ваги со остатоци од различна наркотична дрога.

Осомничениот кај себе неовластено држел и огнено оружје- еден револвер марка „Astra Cadix“ од шпанско производство, како и еден пиштол марка„Ekol Special 99′ со рамка кој бил пренаменет во огнено оружје. Кај него биле пронајдени и вкупно 199 куршуми од различен калибар и за различни огнени оружја.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, особено имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на кривичните дела, како и висината на запретената кривична санкција која изнесува од три до десет години за секое кривично дело за кое е осомничен. Поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Треба да знаете
Последни објави