Search

Кајли Џенер ја промовира нејзината обновена линија за нега на кожа

Кајли Џенер објави дека нејзината блокбастер Kylie Skin линија е обновена и е подготвена за освојување на пазарот.

22-годишната девојка од насловната на Форбс ја сподели веста на Инстаграм во средата навечер со жешка фотографија.

На фотографијата, Џенер се потпира на едната рака а на себе има светло розово марама, целосно намокрена.

Таа во раката држи еден од нејзините производи од линијата „Кајли скин“ додека позира за „Кајли козметика“ со розов кармин и молив за очи.

„Новата линија доби многу љубов. Сакам да ви се заблагодарам од дното на моето срце! Многу сум среќна што ги видов сите рецензии. Уживајте! ” напиша таа над сликата на својот Инстгарам.

Колекцијата беше огромен хит за оние помлади од 30 години, а звездата на реалити шоуто Keeping Up With The Kardashians сега повторно зема замав.

Ова доаѓа откако Џенер сподели фотографија во прекрасен црвен фустан за рекламирање на нејзината нова козметичка линија со теми од одмор.

Треба да знаете
Последни објави