Search

Кајли Џенер позира до нејзиниот „бугати кирон“

Благодарение на нејзиниот несекојдневен изглед, Кајли Џенер е една од најекспонираните жени на светот. Нејзините облини секогаш привлекуваат погледи и главно позитивни коментари, бидејќи таа знае да ги истакне на правилен начин.

Така направи и во вторникот, кога ја покажа својата фигура во фармерки со висок струк и интересен топ додека позира покрај нејзиниот бугати кирон од 3 милиони долари, надвор од замокот во Холмби Хилс чија вредност е проценета на 36,5 милиони долари.

Могулот за козметика (23) ги држи рацете во косата додека гледа настрана, и изгледа ништо помалку од сензационално за импровизираната фотосесија, коментираат таблоидите.

Ѕвездата, која може да се пофали со 296.2 милиони следачи на социјалните мрежи, под фотогрфијата што ја сподели на Инстаграм напиша „Каде си?“

Треба да знаете
Последни објави