Search

Кајли Џенер била убава и пред естетските корекции

Ким Кардашјан ѝ го честиташе 23. роденден на својата сестра Кајли Џенер со фотографија на која полугола позира со неа под туш, но по многуте критики што ги доби, таа ја отстрани објавата.

„Толку чудно“, коментира Пирс Морган, водител на шоуто „Добро утро, Британија“, за нејзините честитки на „Твитер“, а многу други се согласија со него, иако некои му рекоа дека е чуден. „Ништо не вели повеќе среќен роденден отколку гола фотографија со сестра“, е друга реакција на „Твитер“.

„Замислете да правите секси фотографии со вашите браќа“, е уште еден коментар, но не се согласија сите. „Што е чудно? Јас и сестра ми сме блиски и ако некој ни плати илјадници долари, ние би позирале без двоумење“, напишаа тие.

Во новата честитка до сестра си Ким таа објави 10 фотографии од својата сестра, со што на последното место ја стави онаа што првично ја избриша.

Меѓу фотографиите што таа ги објави се наоѓаат неколку на кои Џенер изгледа непрепознатливо.

Треба да знаете
Последни објави