Search

Кацин: Следната недела ќе биде појасно како ќе се развива епидемијата во Словенија

Додека соседна Австрија објави дека кон крајот на април ќе почне со постепено отворање на продавниците и училиштата, словенечката Влада смета дека дури следната недела ќе има по јасна слика за тоа во кој правец ќе се развива епидемијата со коронавирусот во Словенија.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, портпаролот на Владата Јелко Кацин изјави дека државата влегува во клучната фаза во борбата со епидемијата.

– На почетокот на следната недела ќе биде се појасно, сите сметаме така. Ќе имаме реална слика дали сме направиле доволно за да го спречиме ширењето на заразата, изјави Кацин.

Најголем дел од епидемиолозите во земјата сметаат дека Словенија спречи експоненцијално ширење на заразата и ја држи под контрола, но и предупредуваат дека се уште нема место за големо задоволство бидејќи ситуацијата може да се промени преку ноќ.

Владата се уште нема излезено со информации како и кога ќе почне со постепено враќање на јавниот живот во нормала.

Треба да знаете
Последни објави