Search

Кацарска со задоволство ќе прифати да биде уставен судија

Судијката во Кривичниот суд, Добрила Кацарска за телевизија Алфа вели дека би прифатила да биде нов уставен судија, откако во јавноста се шпекулира како една од посериозните кандидати за местото на Владимир Стојановски, чиј мандат истече.

Во текот на утрешниот ден дванаесет членови на Судскиот совет треба да утврдат предлог за нов член во нивниот тим.

Кацарска за Алфа вели дека  не знае дали нејзиното име ќе биде предложено, оти не е член на судскиот совет и не располага со такви информации, сепак доколку и биде предложена таква функција, би ја прифатила зошто за секој судија тоа било огромна чест.

Таа има долг судиски стаж, над 30 години, моментално е судијка во одделот за организиран криминал и корупција, а била и претседателка на Кривичниот суд во Скопје.

Судскиот совет предлага двајца судии за Уставниот суд, за чие усвојување треба двотретинско мнозинство во Собранието. Ако ниту еден од предложените не го добие потребното мнозинство, постапката за предлагање кандидати се повторува.

Треба да знаете
Последни објави