Search

Кацарска: Камчев ми е пријател, ќе барам изземање од „Империја“ ако ми биде предаден случајот

Судијката Добрила Кацарска синоќа гостуваше на 1Тв каде се осврна и на предметот на СЈО под името „Империја“, каде што во притвор заврши Орце Камчев. Кацарска нагласи и дека доколку и биде предаден случајот „Империја“ ќе побара иземање од предметот.

-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години. Фамлијата Камчеви ги чувствувам како моја фамилија- истакна Кацарска.

Треба да знаете
Последни објави